Аеродромот во шпанскиот туристички град Аликанте, преку кој многу туристи доаѓаат во регионот крај брегот на Средоземното Море, е затворен и денеска по пожарот на покривот кој сè уште не е целосно изгаснат, објави Аена, компанијата што управува со аеродромот.

Пожарот е под контрола, но не е изгаснат, противпожарните екипи и натаму работат – изјави портпаролката на Аена.

Таа додаде дека отворањето се очекува подоцна во текот на денот, но не прецизира колку летови се изменети од затворањето на аеродромот.

Пожарот, кој избувна вчера и чии причини засега се непознати, доведе до евакуација на патниците и персоналот, како и откажување на летовите или пренасочување на авионите кон другите аеродроми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.