Белгиските епидемиолози предупредуваат на зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, ситуација која ја најавуваат како почеток на вториот бран на епидемијата.

Белгија бележи постепено зголемување на бројот на нови инфекции од почетокот на јули. Во текот на втората недела од јули се регистрирани просечно по 114,7 нови случаи на ден.

Неделава бројот на заразени се зголеми за 32 проценти, што веќе се наведува како постојан тренд на раст.

Ова не е добра вест. Ова е повик за будење. Со месеци сме немале волку нови инфекции – рече белгискиот виролог Марк Ван Ранст.

Тој забележува дека во понеделникот на 13 јули имало 216 нови случаи на Ковид-19 и потсетува дека Белгија имала 214 нови инфекции на 15 март, кога биле воведени рестриктивни мерки.

Најмногу зарази во еден ден Белгија забележа на 10 април, кога беа регистрирани 2.319 нови случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.