Врз 108 доброволци, на возраст од 18 до 60 години од градот Вухан, поделени во три групи, започнаа првите клинички испитувања за нова вакцина против коронавирус. Волонтерите ги добија првите инекции пред три дена, објави весникот „Глобал тајмс“.
Службениците за јавно здравје дадоа „зелено светло“ за експерименти со луѓе на 17 март. Волонтерите ќе бидат следени во наредните шест месеци.
Во моментов нема одобрена вакцина или третман на вирусот, кој досега уби над 14.000 луѓе ширум светот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.