Врховниот суд на Мексико вчера ја легализираше употребата на марихуана за возрасните лица.
Осум од 11-те членови на судот прогласија за неуставни голем број членови на мексиканскиот Закон за здравство, со кои се забрануваше консумирање марихуана.
Денеска е историски ден за различните слободи – рече претседателот на Врховниот суд, Артуро Залдивар.
Одлуката на Врховниот суд следеше затоа што двата дома на мексиканскиот Парламент не го усвоија предлогот за измена на законот за тоа прашање, до крајниот предвиден рок, 30 април, што го имаше утврдено токму овој суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.