Одлуката за затворање на седум училишта во Рубe на северот од Франција по случај на „Ковид-19“ е донесена како „мерка на претпазливост“, од страна на општината, која се надева дека повторно ќе ги отвори училиштата уште на 25 мај, јави дописникот на МИА.
Седум училишта во Рубе шест државни и едно приватно, се затворени од денеска „како мерка на претпазливост“ , откако кај едно дете е откриен вирусот.
Регионалната здравствена агенција спроведува истрага со цел да ги идентификуваат сите лица кои можеби биле во близок контакт со детето.
Градот се надева дека оваа одлука ќе овозможи повторно отворање на овие училишта на 25 мај. Од почетокот на излегувањето од изолоцаијата на 11 мај и повторното отворање на училиштата, многу установи презедоа слични мерки на претпазливост по случаи или сомневања на „Ковид-19“, како во Шарант, Дордоња, Ле Манс или Тулуз.
Според министерот за образоваие Жан-Мишел Бланке, од повторното отворање на 40 000 училишта минатиот понеделник, биле откриени 70 случаи на коронавирус. Во моментов 70 отсто од учениците ја следат наставата од дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.