„Мајкрософт“ и „Линкедин“ поради падемијата на коронавирусот на неодредено време го одложија враќањето на вработените во канцелариите и на полно работно време, што беше планирано за 4-ти октомври, објави американската софтверска корпорација на своите веб-страници.
„Планиравме 4-ти октомври да биде првата можна дата за целосно отворање на седиштето на ‘Мајкрософт’ во Редмонд и на многу други работни места во САД, но како што им кажавме на нашите вработени, ги променивме тие планови поради неизвесноста околу ковид-19. Решивме дека нема да се обидуваме да предвидиме нова дата за целосно повторно отворање на нашите работни места во САД“, објавија од „Мајкрософт“.
Се очекува дека вработените ќе се вратат на работа во канцелариите кога тоа ќе биде можно да се направи „безбедно, следејќи ги насоките на јавното здравство“, се додава во објавата.
Покрај тоа, од „Мајкрософт“ најавија и 30-дневен преоден период, кој на вработените ќе им даде време да се навикнат на работата во канцеларии, како и дека ќе го задржат флексибилниот приод кон работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.