Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, најави дека ќе има по 1.500 евра бонус за вработените во германскиот јавен здравствен систем.
Според медиумите од групацијата „Функе“, германската Влада ќе издвои вкупно 450 милиони евра за оваа намена.
Премијата ќе биде исплатена не само на медицинскиот персонал, туку и на други луѓе кои работат во болници како што се, на пример, хигиеничарите. Слични бонуси беа доделени на медицинскиот персонал во септември.
Вториот бран на пандемијата доведе до уште поголем притисок врз многу болници и луѓето кои работат таму. Несебичната работа на овие луѓе да им помагаат на пациентите со Ковид-19 треба да биде наградена со дополнителен финансиски бонус – изјави Шпан.
Според предлогот на министерот, болниците мора да ги платат овие премии до крајот на јуни, а за нивната распределба ќе одлучува секоја здравствена установа за себе, најмногу во зависност од тоа кој медицински и друг персонал биле особено зафатени поради пандемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.