Израелскиот премиер Нафтали Бенет даде инструкции да почнат подготовките и да се направи план за давање четврта доза вакцина против корона вирусот за одредени групи од населението.
Панел здравствени експерти во Израел препорачаа четврта доза вакцина за граѓаните повозрасни од 60 години, за ризичните групи и за медицинскиот персонал. Со тоа Израел ќе стане првата земја во светот што орагзнизирано ќе дава четврта доза на дел од населението.
Се предвидува четвртата доза да се дава најмалку четири месеци по третата доза.
За да стапи во сила претстои да биде одобрена од директорот на Министерството за здравство, Нахман Аш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.