Околу 12.000 странци и Авганистанци кои работат за амбасади и за меѓународни хуманитарни организации се евакуирани од Авганистан откако талибанците влегле во главниот град Кабул, вели претставник на НАТО.

Процесот на евакуација е спор бидејќи е ризичен, не сакаме ниту една форма на судир со талибанците и со цивилите кај аеродромот – изјавил за Ројтерс претставник на НАТО кој сакал да остане анонимен.

Во хаосот создаден од талибанското насилство, западните земји се обидуваат да го забрзаат темпото на евакуација откако исламистичките групи молневито ја презеле контролата во земјата пред една недела.

Талибанците не преземаат одговорност за нередите на аеродромот, кој е опколен со илјадници луѓе кои очајнички сакаат да ја напуштат земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.