Трудната муслиманка Рана Еласмар(31) брутално ја нападнал Стипе Лозина(43) во кафуле во Сиднеј.
Рана која инаку е во 38 недела од бременоста, вечерала со пријателките кога ја нападнал насилник за кого се претпоставува дека е од хрватско потекло. Лозина, како што се гледа на снимката на надзорната камера, мирно пришол, нешто зборувал, а потоа со тупаници ја претепал жената. Ја удрил по глава околу 14 пати.
Пред тепањето ја навредувал на национална и верска основа.
Викаше дека муслиманите ја силувале неговата мајка – раскажала Рана.
Како што навел сопругот на Рана, таа ретко излегува, но кога пријателките ја повикале, решила да се види со нив, додека тој останал дома да ги чува децата.
Лозина побарал да го пуштат на слобода со кауција, но тоа е одбиено. На суд ќе се појави на 5 декември, а дотогаш ќе остане зад решетки.
Повредената трудница во меѓувреме е пуштена од болница, но има голем број модрици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.