Стравичен сообраен инцидент се случи во Сиудад де Мексико, кога еден автомобил во полна брзина удри во група од десетина велосипедисти без воопшто да успори пред ударот.

Несреќата се случила на една од главните авении во главниот град на Мексико, а на снимка од безбедноссна камера се гледа моментот кога автомобилот без контрола им приоѓа на велосипедистите од зад грб.

Според локалните медиуми, возачот на авотбомиболот е веднаш уапсен, но првично не е познато дали бил под дејство на алкохол.

Веднаш по случувањето, пристигнаа бројни екипи на брзата помош, кои им укажуваа помош на повредените на лице место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.