Воведување рестриктивни мерки во Словачка е извесно, а кога и во кој облик, ќе биде објавено по денешниот состанок со премиерот Игор Матович, изјави министерот за здравство Марек Крајчи.

Многу сум загрижен поради ситуацијата во болниците, каде примаме се повеќе пациенти –  истакна Крајчи.

Тој одби да коментира околу деталите за рестриктивните мерки, односно дали лицата кои се негативни на коронавирус ќе можат да се движат без ограничувања.

Крајчи нагласи дека е можно повторно да се спроведе масовно тестирање на населението и „прави се што е во негова моќ да се пронајдат повеќе места за тестирање“.

Тестирањето, исто така, е дел од планот за отворање на ски центрите  – објасни словачкиот министер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.