Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко има својот рецепт против ковид-19. Тој им рече на граѓаните дека пиењето вотка, играњето хокеј и одење на бања е лек против вирусот. Тој не воведе строги мерки и рестрикции за движење. Рестораните и кафулињата се отворени, а спортските настани се одржуваат во земјата, спротивно на препораките на Светската здравствена организација. А белоруската Премиер-лига е единственото фудбалско натпреварување што се одржува во Европа.

Дури и самиот Лукашенко не го намалува неговото присуство во јавноста. Тој се појави на хокеј меч во саботата.

Тој исто така изјави дека сите треба да пијат вотка за да го „удават“ вирусот, или пак, да се релаксираат во бања.

Вирусите, вклучувајќи го и ковид-19, не сакаат висока температура од 60 Целзиусови степени, велат експеритите. Откако ќе излезете од бањата, измијте ги рацете и напијте се чаша вотка, изјави Лукашенко.

Експертите тврдат дека нема јасни докази што укажуваат дека коронавирусот може да биде контролиран од високи температури.

Белорусија со 9,5 милиони жители има 94 потврдени случаи на коронавирус, но постои сомнеж дека овие бројки се поголеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.