Во Капитол во САД во тек е евакуација на членовите на Претставничкиот дом и Сенатот од зградата на американскиот Конгрес, во која навлегоа приврзаницита на Доналд Трамп, откако претходно денеска тој им се обрати со говор во Вашингтон.

Демонстрантите влегоа во салата на Сенатот. Еден од нив застана зад масата на претседателот и извика: „Трамп победи!“.

Капитол е затворен откако членовите на Конгресот ја започнаа седницата за да ја потврдат изборната победа на Џо Бајден.Симпатизерите на американскиот претседател Доналд Трамп се судрија со полицијата во близина на зградата на Капитол, пренесува „Ројтерс“.

На претставниците на Конгресот и на новинарите кои се евакуираат им е речено да стават маски. Вооружени цивили биле видени во зградата на Конгресот, па полицијата употребила солзавец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.