Заложничка криза се случува во трговски центар во Манила. Вооружен напаѓач, за кој се вели дека е „незадоволен” припадник на обезбедувањето, држи околу 30 лица како заложници. Според филипинската полиција инцидентот започнал утрово откакосе слушнале истрели од огнено оружје во трговскиот центар Ви-мол, во трговската област Гринхилс. Како што јавија локалните медиуми пукањето предизвикало бројните посетители, продавачите и персоналот да избегаат од трговскиот центар пред тој да биде затворен.
Франсис Замора, градоначалник на Сан Хуан – дел од метрополитенската област во Манила изјави дека најмалку едно лице е повредено, а 30 други се земени како заложници од напаѓачот.
Осомничениот се испостави дека е чувар, кој бил отпуштен од неговата работа во Ви-мол неколку дена порано. Тој се вратил во понеделникот да „постави некои барања“ и се обидел да ги убеди другите припадници на обезбедувањето „да му се придружат во еден вид пуч против раководството на трговскиот центар“, објасни градоначалникот.
Тој рече дека напаѓачот е вооружен со гранати и повеќе огнени оружја. Во меѓувреме, полицијата го опколи трговскиот центар, при што силно вооружени екипи на специјалната единица (СВАТ) пристигнале на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.