Гувернерката на Порторико, Ванда Васкез, денеска прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда по серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,4 степени по Рихтер. Најмалку едно лице загина, струја снема на поголем дел од островот и причинета е значителна материјална штета, соопштија властите и медиумите.

Островот во Атлантскиот океан изминативе денови беше погоден од низа земјотреси, меѓу кои еден вчера беше со магнитуда од 5,8 степени по Рихтер и оштети неколку домови на јужниот брег.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.