Тропска бура со обилни дождови поплави бројни улици и го парализира сообраќајот во градот Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана. Во регионот е прогласено вонредна состојба, а метеоролозите најавуваат нови врнежи.
Градските власти ги предупредија граѓаните да останат во домовите и да обезбедат храна за следните три дена, предупредувајќи дека водостојот на реката Мисисипи би можело да порасне за повеќе од 6 метри. Критично би можело да биде и во соседната држава Тексас, каде неколку служби се веќе мобилизирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.