Раководството на шведскиот производител на автомобили Волво планира до крајот на годината да почне да котира на Стокхолмската берза.
Демонстрирајќи дека ги следи модерните трендови на производство и берза, Волво ќе создаде нов заеднички деловен субјект со четири години стариот произведувач на електрични автомобили, Полестар, кој во голема мера е поддржан од кинескиот Гили (Geely).
Според локални медиуми, новата компанија ќе има комбинирана пазарна капитализација од околу 20 милијарди долари, со планови да се соберат околу 2,9 милијарди долари преку ИПО продажба на почетните акции.
Волво и Полестар ќе имаат еднаков удел во новата компанија.
Познатата шведска компанија минатата година продаде околу 720.000 возила, додека Полстар ќе ја заврши 2021 година со 10.000 продадени возила.
Волво планира двојно да го зголеми бројот на продадени автомобили и камиони до 2025 година, со голема промена кон производството на електрични модели.
Планираното ИПО ќе биде најголемото од 2000 година во Шведска и котирањето на телекомуникациската компанија Телиа, која тогаш инкасира 8,9 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.