Високото ниво на ефективност и безбедност потврдени при испитувањата на руската вакцина претставува значајната геополитичка победа на Москва и потенцијална мултимилијардна добивка во промоцијата на вакцината и запирањето на пандемијата, објави престижниот „Волстрит журнал“.
Ова е првпат американско издание да дава позитивни оценки за руската вакцина „Спутник“, именувана во чест на првиот вештачки сателит лансиран на Земјината орбита.
Како што наведува од „Волстрит журнал“, резултатите од третата фаза клинички испитувања на вакцината се објавени во списанието „Лансет“. Во претставените резултатите, засновани на податоци добиени од речиси 20 илјади учесници во испитувањето, од кои три четвртини ја примиле вакциата, а една четвртина примиле плацебо, се наведува дека ефективноста на руската вакцина против Ковид-19, која се прима во две дози, надминува 91.6 отсто.
Според весникот, ефективноста на рускиот медикамент е еднаква со вакцините развиени од компаниите „Модерна“ и „Фајзер/БиоНТек“. Притоа, руската вакцина е многу подобра од онаа на британско-шведската фармација „АстраЗенека“.
Исклучителниот резултат на вакцината „Спутинк“ претставува „значајна победа на претседателот Владимир Путин во глобалната трка по вакцината, обезбедувајќи глас на доверба во способноста на руската наука и медицина – наведува весникот.
Во текстот се додава дека резултатите покажуваат колку биле неумесни критиките со кои се соочи Москва поради брзото создавање на вакцината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.