Израелското воено радио објави дека војската ја зголемила готовноста, а министерот за одбрана Нафтали Бенет се состанал со воените и разузнавачките шефови.
Израел го зголеми степенот на борбена готовност на својата војска, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ја скрати својата посета на Грција, откако во американски воздушен напад во Иран утринава беше убиен генералот Касим Сулејман, командант на иранската Револуционерна гарда, а Иран се закани со жестока одмазда.
Израел, најблискиот американски сојузник на Блискиот Исток и најголемиот регионален непријател на Иран, не реагираше појавно на смртта на Сулејман, како и на командантот на проиранската ирачка милиција Абу Махди ал-Мухандис.
Кабинетот на Нетанјаху, сепак, потврди дека тој порано ќе се врати од посетата на Грција, пренесуваат британските медиуми.
Израелското воено радио објави дека војската ја зголемила готовноста, а министерот за одбрана Нафтали Бенет се состанал со воените и разузнавачките шефови на која се направила проценка на ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.