Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, им даде рок од 72 часа на бунтовничките сили во провинцијата Тиграј да се предадат или етиопската армија ќе почне офанзива врз регионалниот главен град Мекеле.

Бараме да се предадете мирно во следните 72 часа и со тоа да признаете дека сте стигнале до точката од која нема враќање – порача премиерот во пораката на Твитер, во која имаше подолго обраќање до нацијата.

Етиопската армија претходно соопшти дека го опколила Мекеле со тенковски единици и го предупреди локалното население дека градот ќе биде под артилериски оган.

Конфликтот во Тиграј избувна на 4 ноември, кога силите на Народниот ослободителен фронт – Тиграј почнаа ненадеен напад врз позициите на етиопската армија.

Според британските медиуми, во конфликтот досега има стотици, а можеби и илјадници лица, додека повеќе од 30.000 жители на Тиграј морале да ги напуштат своите домови и да пребегаат во соседен Судан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.