Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Тајван, генералот Шен Ји Минг и уште седуммина високи офицери на тајванската армија, меѓу кои тројца генерали, загинаа при принудно слетување на хеликоптерот во кој се превезувале во планинска област недалеку од главниот град Тајпеј, соопшти Министерството за одбрана на Тајван.

Поголемиот дел од хеликоптерот лежи во шума и е недостапен, а елисите се целосно уништени. Десетина спасувачи ги пребаруваат остатоците во потрага на преживеани, прикажано е на фотографиите што ги објави власта на оваа земја, пренесуваат агенциите.

Преживеале 13 лица.

Министерството за одбрана соопшто дела испратило спасувачки екипа откако хеликоптерот од типот „црн јастреб“ морал принудно да слета во Нов Тајпеј. Контаактот со леталото бил изгубен во 8.22 часот по локално време.

Шен патувал од главниот град во посета на војниците на североистокот на земјата во рпесрет на одбележувањето на Лунарната нова година на крајот на месецов.

Трагедијата се случи во пресрет на претседателските и парламентарните избори во Тајван, закажани за 11 јануари.

Претседателката Цај Инг Вен, која се бори за нов мандат, ги откажа сите активнности во кампањата за наредните два дена и ги повика властите да сторат се што можат во акцијата за спасување.

САД, кои немаат формални дипломатски односи со Тајван, но се негов најголем надворешен сојузник и снабдувач со оружје, ѝ продадоа на оваа земја 60 хеликоптера од типот “УХ-60М црн јастреб” во 2010 година, но во овој момент не е познато дали паднало едно од тие летала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.