Авганистанската Влада изрази загриженост поради бруталните напади на талибанците врз градовите, што доведе до воени злосторства, кршење на човековите права и хуманитарна катастрофа во земјата.

Министерството за надворешни работи на официјалната веб-страница наведува дека Владата на Исламската Република Авганистан, заедно со меѓународната заедница, изразува сериозна загриженост поради бруталните напади на талибанците.

Авганистанскиот преговарачки тим, предводен од претседателот на Високиот совет за национално помирување, д-р Абдула, во средата присуствуваше на продолжениот состанок на „тројката“ на кој учествуваа Русија, САД, Кина и Пакистан во Доха, и експлицитно ги наведе барањата на авганистанскиот народ и на Владата – се наведува во соопштението.

Претседателот на Високиот совет за помирување ја повика меѓународната заедница, особено членовите на „тројката“, да усвојат сериозни мерки за спречување на талибанските напади врз градовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.