НАТО ја заврши својата воена мисија во Авганијстан по речиси две децении, дознава агенцијата ДПА, од неколку дипломатски и воени извори.
Странските трупи кои се уште се во земјата, американски и турски, по заминувањето на повеќето војници на НАТО се исклучиво под контрола на нивните национални команди, велат изворите.
Ова значи дека најкрвавата воена мисија во историјата на Алијансата е при крај.
Одлуката официјално да не се објави крајот на воената мисија е поврзана со фактот дека оперативниот план е се уште во сила, објаснува ДПА.
Соединетите држави влегоа во Авганистан по терористичките напади на 11 септември 2001 година, а сојузниците набрзо го следеа примерот. Вашингтон тогаш беше првиот што покрена клаузула за меѓусебна одбрана на НАТО.
#BREAKING: NATO has ended its military mission in Afghanistan after almost two decades, dpa has learned from diplomatic and military sources. pic.twitter.com/6q6iDKOFus
— dpa news agency (@dpa_intl) July 16, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.