Воената хунта од Гвинеја, која ја освои власта во таа африканска земја минатиот викенд, денеска соопшти на државната телевизија дека ги замрзнала сите владини банкарски сметки во обид да ги зачува државните средства.
Тоа вклучува замрзнување на средствата на јавната администрација и сите министерства, како и претседателството, претседателските проекти. Се однесува и на членови на владата во заминување, како и високи функционери и административци во државни финансиски институции, изјави портпарол на воената хунта.
Воената хунта составена од специјални сили соопшти во неделата дека го соборила од власт претседателот Алфа Конде поради загриженост за сиромаштијата и корупцијата поради лошата организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.