Водечките американски демократи во Конгресот клекнаа на колена осум минути и 46 секунди во знак на сеќавање на Џорџ Флојд, пишува „Дојче веле“.
Членови на партијата, меѓу кои и спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, со тоа му оддадоа чест на Флојд, црнец кој почина откако полицаец белец го држеше притиснат со колено врз вратот осум минути и 46 секунди. Смртта на Флојд предизвика протести против расизмот и полициското насилство во многу градови во САД и други земји во светот, меѓу кои и Германија. Бранот протести не стивнува и покрај пандемијата на коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.