Највисоко рангираниот американски генерал тајно двапати го повикал својот кинески колега во последните месеци од мандатот на Доналд Трамп, поради загриженоста дека американскиот претседател би можел да започне војна со Кина, бидејќи имало сигнали дека веројатно ќе ги загуби изборите, објавуваат американски весници.
Американскиот генерал Марк Мили, началник на Здружениот штаб на американската армија, го повикал Ли Зоученг од Народносолабодителната армија на Кина на 30-ти октомври 2020 година, четири дена пред претседателските избори во САД и повторно на 8-ми јануари, два дена откако приврзаниците на Трамп влегоа во Конгресот тврдејќи дека изборите се украдени во полза на сегашниот претседател Џо Бајден, пишува весникот The Washington Post.
Во написот, кој се толкува како обид за дефокусирање на јавноста во периодот на сѐ пожестоките критики за претседателот Бајден во врска со несупехот во Авганистан, се наведува дека Мили во телефонските разговори се обидувал да го увери Ли дека САД се стабилни и дека нема да нападната, и доколку има напад дека својот колега ќе го извести претходно.
Од кабинетото на генералот Мили одбиле да го коментираат написот. Претставнциите на Трамп, пак, „не било можно“ да се контактираат, пренесуваат медиумите.
Написот се темели на книгата „Peril“ која ја напишаа новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, која изведува заклучоци од интервјуа на 200 лица и која треба да биде објавена следната седмица, па ова се толкува и како нејзино промовирање.
Трамп го именуваше Мили на највисоката воена должнсот во 2018 година. Се наведува дека Мили бил мотивиран да го контактира Пекинг вториот пат делумно и поради телефонскиот повик на претседателката на Преставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, која го прашала генералот кои мерки на заштите се на сила да го спречат „нестабилниот претседтел“ од покренување нуклеарен напад, се наведува во извештајот кој се повикува на наводен транскрипт од разговорот.
„Луд е. Знаеш дека е луд“, му рекла Пелоси на Мили во телефонскиот разговор. А според наводниот транскрипт генералот одговорил „Во сѐ се согласувам со вас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.