Египќанец, кој од 2010 година живее во Германија си ја убил ќерката за да ја натера својата сопруга, мајка на девојчето, да му признае дека го изневерува. Несреќата се случила во Дизелдорф, а седумгодишно девојче го изгубило животот со давење, иако претходно преживеало агонија во која умоболниот татко со пиштол вперен во главата на кутрото дете преку видеопорака комуницирал со сопругата.
Обвинетиот, 32-годишниот Ахмед Ф. од Египет, негира дека го убил несреќното седумгодишно девојче Сара и тврди дека смртта на девојчето е несреќа.
Мотивот за несреќата го раскажува мајката на Сара, Катарина Ф. Таа тврди дека нејзиниот партнер збеснал откако таа му кажала дека еден колега ја посетил на работа. Неколку моменти подоцна, тој ѝ се јавил преку видеоповик, повикувајќи ја да признае дека го изневерува. Според изјавата на Катарина, во позадина можело да се слушне како нејзината ќерка моли за својот живот и бара да ѝ помогне.
Кога полицијата пристигнала во станот, Ахмед се предал, а мртвото тело на девојчето полицајците го пронашле во другата соба. Обвинетиот тврди дека смртта на Сара била несреќа. Имено, поради пристигнувањето на полицајците, тој се лизнал и паднал врз Сара.
Форензичарите тврдат дека исказот на мигрантот е „неверојатен“, затоа што е очигледно дека Сара била задушена од страна на некој кој што ги користел двете раце.
Германката Катарина го запознала Ахмед во Египет во 2007 година, а тој пристигнал во Германија во 2010 година, по што се венчале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.