Заради поројните дождови и поплавите во Кина, загрозени се милион луѓе во градот кој што се наоѓа на реката Јангцекјанг, а подигнато е и нивото на заштита од поплави на втор степен.
Многу силен пороен дожд паѓа во Вухан и околината, веќе два дена, а во некои делови паѓало дури и 250 милиметри дожд за 24 часа, односно 250 литри по квадратен метар, објавила Синхуа.
На многу места, реките го надминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат градот да не биде поплавен.
Степенот на заштита од поплавите е кренат на други четери нивоа, само еден степен од најопасното ниво.
Како што вели Синхуа, се очекува продолжение на дождовите не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, на кои им се заканува опасност од поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.