Истражување спроведено од кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), покажало дека во Вухан веројатно биле заразени речиси половина милион луѓе со Ковид-19, што е скоро 10 пати повеќе од официјалната бројка.
За време на студијата, научниците анализирале 34.000 жители на Вухан, оригиналниот епицентар на пандемијата, како и други градови во провинцијата Хубеи; како што се Пекинг, Шангај и провинциите Гуангдонг, Џиангсу, Сечуан и Лиаонинг за да се процени стапката на инфекција со Ковид-19 во тие области.
Научниците откриле стапка на преваленца на антитела кон Ковид-19 кај 4,43% од граѓаните на Вухан, метропола со 11 милиони луѓе. Досега, во тој град официјално се потврдени 50.354 случаи на инфекција со Ковид-19, но серолошките тестови покажуваат дека веројатно близу 500.000 биле заразени со корона вирусот.
Стапката на преваленца надвор од Вухан е значително помала, покажала студијата. Во другите градови во провинцијата Хубеи, антителата кон корона вирус се пронајдени само кај 0,44% од испитаниците.
Јанжонг Хуанг, виш соработник во Советот за надворешни работи, изјавил дека студијата покажува дека не биле пријавени сите инфекции за време на врвот на пандемијата во Вухан, делумно поради хаосот во здравствената заштита во тоа време, но делумно и поради неможноста да се регистрираат асимптоматските случаи.
Во текот на јануари и февруари, болниците во Вухан беа преплавени со пациенти со висока температура. Но, во тоа време, болниците немаа доволно работна сила, опрема за тестирање и медицински материјали за дијагностицирање и лекување. Затоа, на многу пациенти им било кажано да одат дома во самоизолација. Некои од нив ги заразиле другите членови на семејството, додека други и починале во домашни услови како резултат на инфекцијата, но и двата случаи не беа дел од официјалната статистика.
Вухан не е единствениот град кој имаше премалку тестови за време на првиот бран. Слична состојба е пријавена во многу здравствени системи во други земји поради недостаток на капацитет и ресурси.
На пример, студија спонзорирана од Министерството за здравство на Њујорк открила дека до крајот на март, секој седми возрасен човек во Њујорк имал Ковид-19, што е исто така околу 10 пати повеќе од официјалните податоци. За време на втора студија во август, научниците откриле дека повеќе од 27% од испитаните 1,5 милиони њујорчани имале антитела кон корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.