Четвртиот локдаун од почетокот на пандемијата на коронавирусот, кој од полноќ стапил на сила во Австрија, ги испразнил улиците во Виена.

На улиците има помалку возила, но и помалку граѓани, пренесува “Sputnik”.

Овој период, изгледа, се користи за спроведување на потребните работи во деловите на градот во кои, инаку, има поголема фреквенција на луѓе.

Во центарот на Виена, во пешачката зона Кернтерштрасе, може да се види само понекој минувач и понекој турист, кој бил изненаден од локдаунот.

Продавниците, со исклучок на прехранбените, аптеките, дрогериите, мобилната телефонија, поштите, не работат.

На влезовите на продавниците поставена е порака за купувачите дека се затворени поради епидемиолошките мерки, дека се радуваат на идните средби во здравје, и дека, во најголем број случаи, се преминало на он-лајн продажба.

На своето работно место можат само вакцинирани, излечени од ковид или негативно тестирани, пренесува “Tanjug”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.