Повеќе од половина сојузни држави во Венецуела останаа беа струја, информираат невладини организации и социјални мрежи, а властите за тоа обвинија „електромагнетски напад“.

Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија, престанале да работат 94 отсто од телекомуникациската инфраструктура во државата, објави невладината организација Нетблокс. Првпат после март, и во Каракас снема струја. Претседателот Николас Мадуро смета дека САД и опозицијата се одговорни за снемувањето струја, додека опозицискиот лидер Хуан Гуаидо ја обвинува корупцијата и лошото менаџирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.