Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, изјави дека е идентификувана нова варијанта на корона вирусот.

Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, пренесува „Гардијан“.

Идентификувавме нова варијанта на коронавирусот, што може да е поврзано со рапидното зголемување на бројот на пациенти на југо-истокот на Англија – изјави Хенкок.

Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.

Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако се идентификувани такви случаи во скоро 60 различни локални области и бројот рапидно расте – информира Министерот.

Хенкок вели дека е известена Светската здравствена организација.

Тој уште истакна дека здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.