Во Велика Британија, повеќе од 32.000 луѓе починале од последиците на „ковид-19“, што ја прави една од најпогодените земји во Европа од епидемијата на новиот коронавирус, покажуваат објавените податоци.

Минатата недела со нови 7.000 смртни случаи во Англија и Велс, вкупниот број на смртни случаи во епидемијата во Велика Британија сега изнесува 32.313. Тоа е повеќе отколку во Италија, која беше најтешко погодена земја.

Овие податоци можат да го зголемат притисокот врз премиерот Борис Џонсон, кој чекаше подолго од остатокот на Европа да воведе мерки за изолација по првите случаи на болеста. Опозициските партии ја критикуваа одлуката на Џонсон да го одложи воведувањето карантин дури и во време кога болниците во Италија веќе немаат капацитет. Опозицијата исто така тврди дека владата била премногу бавна во воведувањето масовно тестирање и обезбедување на доволно опрема за здравствениот систем.

Експертите проценуваат дека вистинскиот број на починати во епидемијата во Велика Британија би можел да биде поголем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.