Унгарија досега прими милион дози вакцина за коронавирус, соопштија официјалните претставници на земјата на денешната виртуелна прес-конференција.

Водечкиот лекар Сесилија Милер изјави дека вкупно 1.002.714 дози на вакцина биле искористени до пладне, а 307.929 лица веќе ја примиле втората доза потребна за целосен имунитет.

Програмата за вакцинација во Унгарија вклучува руска вакцина Спутник V и кинеска вакцина Синофарм, како и вакцини од западни производители одобрени од Европската унија.

ЕУ сè уште не ги одобри кинеските и руските вакцини, но Унгарија им даде зелено светло за итна употреба.

Досега во Будимпешта пристигнаа 550 000 дози на Синофарм од нарачаните пет милиони и 380 000 дози на Спутник V од нарачаните два милиони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.