Експертите во детската болница „Бурло Гарофоло“ во Трст откриле нова мутација на Ковид-19 кај две заразени девојчиња.
Како што објави агенцијата „АднКронос“, истражување кое е спроведено во соработка со Универзитетот во Милано потврдило дека станува збор за многу заразен, агресивен мутант.
Според објавените резултати од истражувањето, мутираната варијанта на вирусот предизвикала повторна инфекција кај неколку возрасни лица кои веќе прележале Ковид-19.
Најмногу загрижува можноста што мутациите на вирусот можат да го намалат имунитетот создаден кај луѓе кои биле заразени, како и да ја поништат или намалат отпорноста кон корона вирусот стекната со вакцинација – вели професорката Манола Комар, микробиолог од Универзитетот во Трст, која раководела со истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.