Бројот на заразените со коронавирус во светот ја надмина бројката од 114 илјади, а повеќе од четири илјади лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во Македонија се заразени седумина, во Србија се потврдени четири случаи, во Словенија 25, во Хрватска 13, а во Босна и Херцеговина пет.

Првите случаи на ковид-19 денеска се потврдени во Панама и во Монголија, а вчера првите случаи ги пријавија Албанија и Бугарија. Во Кина е потврдено дека има нови 19 случаи, што е значителен пад во однос на претходниот ден, кога беа 40, пренесува „Танјуг“. Бројот на заразени во таа земја е 89.754.

Во цела Италија во која се забележани 9.172 заразени и 463 починаа, од денеска е објавена црвена зона поради ширење на коронавирус.  Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека мерките кои беа воведени во Северна Италиија поради коронавирусот, се проширении на цела земја.

Декретот на италијанската влада предвидува дека околу 60 милиони граѓани на таа земја до 3 април може да патуваат само поради деловни причини или само ако е итно, а сите школски установи кои се на ниво на цела Италија ќе останат затворени до 3 април.

Иран после Кина и Италија е на трето место по бројот на заразени со 7.161 случај и 237 починати.

Училиштата и универзитетите во регионот на Мадрид нема да работат две недели, почнувајќи од среда, што е една од мерките поради коронавирусот во Шпанија каде што починаа 28 лица, а 1.204 се заразени.

Во Германија вчера беа пријавни 210 нови случаи, така што бројот на заразени се искачи на 1.112. Во Велика Британија каде што се потврдени 319 случаи и тројца мртви.

Буркина Фасо вчера ги пријавила првите два случаи на коронавирус.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.