Во голем број земји во светот се воведуваат построги мерки за невакцинирани луѓе, мерките за борба против пандемијата повторно се враќаат таму каде што беа укинати, а СЗО секојдневно изразува загриженост поради недостигот на вакцини за одредени земји.
Последната информација од Светската здравствена организација е дека во оваа фаза не е подготвена да препорача дополнителни, трети дози на вакцина против корона вирусот за да се подобри заштитата. Главниот научник на СЗО, Сумија Сваминанатан, изјави дека за ова прашање постојат и морални и етички аспекти.
На некои популации можеби им требаат засилувачки дози, но ние не сме подготвени да ги препорачаме во овој момент. Покрај тоа, немаме неограничени резерви. Ова значи дека сега мора да се испратат вакцини прво до оние на кои им се потребни. Не треба да се дозволи секој ден од корона вирус да умираат 10.000 луѓе. Затоа повикуваме на привремен мораториум за бустер-дозите, така што до крајот на септември да бидат вакцинирани 10 проценти од населението во секоја земја, а 40 отсто до крајот на годината – изјави Сваминанатан.
Таа додаде дека за тоа време, веќе ќе можат да се добијат и поточни податоци за влијанието на бустер-дозите.
СЗО претходно соопшти дека бројот на нови случаи на корона вирус во светот се стабилизира на 4,5 милиони неделно, по постојаниот раст во изминатите два месеца.
Во последниот извештај на СЗО се наведува дека неколку неодамнешни студии покажуваат оти одобрените вакцини продолжуваат да обезбедуваат заштита од сериозни облици на болеста, но оти постојат докази кои покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни во заштита од позаразните варијанти на корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.