Во светот денеска, 26-ти пат по ред, се одбележува Денот на слободата на медиумите. Годинешната тема е „Медиумите за демократија: Новинарство и избори во време на дезинформации“, а светската конференција се одржува во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

Генералното собрание на ОН во декември 1993 година го прифати 3 мај како Ден на слободата на медиумите, врз основа на препораките на УНЕСКО и како одговор на Декларацијата од Виндхук за независни медиуми.

Во рамки на Денот на слободата на медиумите се доделува и посебна награда на УНЕСКО, наречена по колумбискиот новинар Гилерм Кан, кој е убиен поради објавени приказни за нарко-картелите во својата земја. Годинешната награда им припадна на новинарите на Ројтерс, Ва Лон и неговиот колега Чо Со У, кои детално го истражувале извршениот масакр врз муслиманското малцинство Рохинџи во селото Ин Дин во Мјанмар.

Слободните медиуми не се само медиуми со доверливи и точни информации, туку се и столб на демократијата, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по повод светскиот Ден на слободата на медиумите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.