Полициските службеници морале да носат заштитна облека за време на акцијата за спасување на петгодишното девојче кое медиумите го нарекоа „женското Могли“. Девојчето не знае како да се однесува со останатите луѓе, бидејќи животот го поминала опколена со ѓубре, бубашваби и фекалии.
Занемареното полуголо девојче беше принонајдено во стан во Москва, Русија, каде нејзината мајка Ирина Гарашенко (47) ја оставила неколку дена сама.
Прегладнетото девојче направило свое засолниште помеѓу ѓубрето, а од момент во момент биле откривани уште многу други застрашувачки детали.
Ѓерданот кој го носела буквално зараснал во нејзиниот врат полн со рани.
Кога ѝ понудиле вода, веднаш испила две литри. Деталните лекарски прегледи ќе покажат дали таа страда од анорексија и како да продолжи нејзиното лекување. Таа не знаела да комуницира, туку само испуштала звуци.
Во станот прв влегол соседот, кој го слушнал очајниот плач на девојчето, по што веднаш повикал полиција.
Скоро се онесвестив кога видов во каква состојба е станот и колку смрдеше. Девојчето седеше на клупа покрај прозорот. Имаше шешир и маичка, но не носеше долна облека. Многу плачеше. Немаше никаква храна во станот, само купови на ѓубре и смет, а бубашвабите лазеа насекаде, раскажал соседот за руските медиуми.
Според соседите, мајката пред пет години дошла во станот со бебе, кое подоцна го испратила да живее со баба си. Но, бебето сепак останало дома и како што засега се претпоставува, таа не го видела надворешниот свет оттогаш.
Тие исто така кажале дека мајката често била елегантно облечена, кажувала дека има постојана работа, но и дека помагала во чистењето на заедничките простории во станбениот блок.
Откако девојчето било спасено, мајката се вратила дома, а соседите ја спречиле да побегне. Таа е притворена и се соочува со обвинение за обид за убиство.
Девојчето го доби името Љубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.