Најмалку 10 луѓе загинале во нападот на бомбашот самоубиец, припадници на исламската група Ел Шабаб, во главниот град на Сомалија. Повеќе згради се уништени.

Нападот се случил во трговскиот центар во Могадишу, на улицата Мака ел Мукарем, каде што има хотели, продавници и ресторани.

Повеќе од 10 луѓе загинаа. Хотелот и уште неколку згради се уништени, а 20 повредени се префрлени во болница“, изјавил за „Ројтерс“ шефот на полицијата, Абдулахи Али и додал дека се верува дека има уште тела во рушевините.

Одговорноста за нападот ја преземала терористичката организација Ел Шабаб, а нејзиниот портпарол изјавил дека тие „уште се внатре“.

Меѓутоа, шефот на полицијата се сомнева во тоа дека терористите и понатаму се во зградата, но вели дека „сè е можно“, бидејќи во некои згради е темно – бидејќи експлозијата го прекинала доводот на електрична енергија.

Ова е најсилната експлозија која се случила во Могадишу, во последните неколку години. Парчиња стакло, поради силната експлозија, одлетале неколку километри од местото на кое се разнел бомбашот.

Од 1991-ва година, Сомалија ја потресуваат разни злосторства. Исламската група Ал Шабаб се бори против владата која ја поддржуваат западните сили, а ги штити мировната мисија на Афричката Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.