Во снежното невреме што ги зафати САД досега загинале најмалку пет лица. Невремето почна како силен дожд од Мексико, за да се претвори во снежна виулица со која е погоден појас од 2.700 километри од Колорадо до средниот запад на САД.
Невремето најмногу ги погоди државите Канзас и Мисури, како и делови на Ајова, Илиноис, Индијана и Охајо.
Поради лошите временски услови најмалку пет лица загинаа во сообраќајни несреќи во државите Канзас и Мисури.
Десетици авионски летови се откажани од аеродромот во Сент Луис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.