Зоолошката градина во Братислава синоќа го затвори за јавноста делот со примати, како превентивна мерка откако во петокот беше потврден првиот случај со коронавирус во Словачка.
Според претставничката на зоолошката градина, Зузана Чалупова, во тој дел има два вида мајмуни – шимпанза и суматрански орангутани, кои се многу чувствителни на човечките болести.
Во Словачка досега се потврдени три случаи на коронавирус, сите во едно семејство, во селото Костолиште близу Братислава. Во истовреме, четиричлено словачко семејство е ставено во карантин во нивната викенд-куќа во австриското село Кице, близу границата на двете држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.