Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, соопшти дека во логорите во Сирија кои ги управуваат Сириските демократски сити (СДФ) под курдиско водство, се има 10 илјади припадници на Исламската држава, кои и понатаму се заробени. Како што истакна Блинкен, таквата состојба е неодржлива.

Обраќајки се на почетокот на состанокот во Рим за обновување на меѓународните напори во борбата против исламистичката терористички групи, Блинкен изјави дека Вашингтон и понатаму ги повикува земјите, вклучувајќи ги 78-те земји членки на коалицијата против Исламската држава, да ги вратат нивните државјани кои се прикручиле на исламистичките терористи.

Таа состојба е едноставно неодржлива. Не може да трае толку време. САД ги повикуваат коалиционите партнери, земјите членки, да ги повикаат назад, да ги рехабилитираат и каде што е потребно, да ги казнат своите државјани – изјави Блинкен во неговото обраќање.

Почнувајќи од Ал Каеда, Исламската држава освои големи делови од Ирак и Сирија во 2014 година, наметнувајќи страшен терор врз населението. Исламската држава прогасли воен пораз во 2017 година, но од тогаш вршат постојани напади во делови на северен Ирак и на границата со соседна Сирија.

Во последниве месеци се пријавени повеќе од 25 смртоносни напади од страна на ирачките власти, кои тие напади им ги припишуваат на екстремистите од Исламската држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.