Владата на Сингапур донесе одлука според која невакцинираните пациенти со ковид повеќе нема да можат да се лекуваат на државен трошок, туку сами ќе ги сносат трошоците.
Моментално невакцинирани се мнозинството луѓе на интензивна нега. Тие придонесуваат за оптоварување на нашите здравствени ресурси. Од 8 декември, поради тоа, ќе почнеме на пациентите кои не сакаат да се вакцинираат по своја волја, да им ги наплаќаме трошоците за лекување“, се вели во соопштението од Владата.
Оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини, како и децата до 12 години, ќе можат да се лекуваат на трошок на државата во случај на болест.
Со оваа мерка властите во Сингапур сакаат да го поттикнат вакцинирањето на граѓаните, кое е во застој, а во исто време секојдневно расте бројот на нови случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.