Раководството на една болница во Шведска им нареди на лекарите да не сместуваат пациенти над 80 години кои имаат коронавирус на интензивна нега.

Весникот „Aftonbladet“ пишува дека таков налог дало раководството на Универзитетската болница Каролинска, која е позната на пошироката јавност по научните истражувања.

Во истиот документ, раководството на болницата им наредило на лекарите да не ги праќаат пациентите постари од 60 години на интензивна нега, како приоритет, доколку веќе имале хронично заболување.

Раководството на болницата се соочило со жестоки критики откако им била откриена наредбата на лекарите, а од болницата велат дека медицинските приоритети за интензивна нега секогаш биле утврдени врз основа на шансите дадени на пациентот да се лекува.

На Интензивна нега не може да се примаат пациенти кај кои нема голема веројатност да преживеат, се вели во соопштението.

Во Шведска, досега се заразени 9.114 лица со корона, а додека 793 луѓе починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.