Две млади момчиња од Швајцарија, на возраст од 18 и 24 години се уапсени во Винтертур, близу Цирих, во северна Швајцарија, во врска со џихадистичкиот напад во Виена еден ден претходно, соопшти полицијата.

Полициската истрага идентификуваше швајцарски државјани, 18-годишник и 24-годишник. Двајцата беа уапсени во Винтертур во вторникот попладне од единица за специјални намени во соработка со австриските власти. Евентуалната врска меѓу двајцата приведени и главниот осомничен за нападите во моментов ја испитуваат надлежните органи, соопшти полицијата на кантонот Цирих.

Швајцарските власти не наведоа која е причината за апсењето на двете млади момчиња.

Главната задача е да се утврди дали тие биле вклучени во нападот“, соопшти полицијата во Цирих, која тесно соработува со швајцарската федерална и австриската полиција.

Полицијата во Цирих исто така извести дека формирала работна група со задача да истражи дали злосторствата извршени во Виена биле поврзани со кантонот Цирих.

Што се однесува до нападот во Виена, Федпол (федерална полиција) и разузнавачка служба ја испитуваат неговата можна поврзаност со Швајцарија, во тесна соработка со кантонските и австриските власти“, изјави за АФП портпаролката на разузнавањето, Изабел Грабер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.