Шпанската морнарица соопшти денеска дека спасила 24 мигранти во близина на Канарските Острови, северозападно од брегот на Африка, а се уште се трага по 53 лица кои веќе два дена се водат како исчезнати.
Во потрагата учествува и авион, меѓутоа се соочуваат со проблеми поради лошите временски услови.
Меѓу спасените мигранти имало девет жени и едно новороденче, кои се префрлени на островот Гранд Канарија.
Шпанските власти првично започнаа потрага за околу 140 исчезнати мигранти, кои пловеле во пет чамци, но потоа потрагата е намалена на два чамца со 26, односно 27 мигранти.
Во периодот од 1 јануари до 15 февруари повеќе од илјада мигранти пристигнаа на Канарските Острови, што е неспоредливо повеќе отколку во истиот период минатата година, кога пристигнале само 66.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.