Во Шпанија се регистрирани 580 нови случаи, што е најголем скок во бројот на нови случаи во последните два месеци.
Претходниот ден беа потврдени 390 нови случаи, а повеќето случаи беа во регионите на Арагон и Каталонија.
Бидејќи Шпанија ги укина рестриктивните мерки на 21 јуни, избија повеќе од 170 локални епидемии, претежно во Каталонија, каде бројот на ново заразените е 142. Во Арагон на истокот на земјата, бројот на нови случаи е 266, објави Министерството за здравство, пренесува Ројтерс.
Здравствените власти на Каталонија објавија дека бројот на ново заразени лица се зголемил на 1.293 преку ноќ, што е најголем од 18 мај.
Бројот на заразени лица во Каталонија се зголеми тројно од минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.