Во напад џихадистички напад во Буркина Фасо загинале 30 лица, од кои 15 се војници, 11 цивили и четири лица кои работеле во армијата.

Како што објавија од Министерството за одбрана, нападот се случил завчера истовремено во неколку села во близина на границата со Нигер. Од Министерството додаваат дека областа сега е под воена контрола.

Буркина Фасо е цел на напади на џихадистите уште од 2015 година, особено во областите во близина на Мали и Нигер.

Џихадистите се тесно поврзани со Ал Каеда и Исламска држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.